Хозе Хернандез Хернандез е одреден за главен судија на првото Ел Класико за оваа сезона. Мечот меѓу Реал Мадрид и Барселона се игра на 18 декември во Мадрид, а „кралевите“ нема да бидат задоволни со изборот на овој судија со оглед на тоа дека не го паметат по добро.

Човекот кој има интересно презиме досега трипати им судел на Реал и Барса и сите три мечеви завршувале различно. Но, на два од тие три меча Хернандез Хернандез го исклучувал капитенот на мадриѓаните Серхио Рамос, а после сите три натпревари имаа големи замерки на делењето на правдата.