Многумина сметаат дека пензионирањето на Лионел Меси еден ден, ќе ја смени екипата и дека тоа нема да биде истата Барселона која ја знаеме. Меѓутоа оптимистички зборови доаѓаат од претседателот Џозеп Бартомеу кој истакна дека не е воопшто загрижен кога Аргентинецот ќе се пензионира.

„Не сум загрижен  поради тоа што Лео еден ден ќе се повлече. Би сакал да потпише уште еден договор, тој има време пред себе и многу пати сме разговарале. Нема проблем да остане во нашиот клуб, посветен е, и не се сомневам дека тука ќе се пензионира. Може да ја заврши кариерата кога тој ќе посака“, рече Бартомеу.