Уште девет дена не делат од првото „Ел Класико“ оваа сезона. Шпанските медиуми веќе на големо ја најавуваат пресметката меѓу Реал Мадрид и Барселона, а каталонски Спорт открива дека Зинедин Зидан веќе на големо подготвува тактика за овој меч. Во фокусот на францускиот стратег е Лионел Меси, кој на 10 првенствени натпревари има 12 погодоци и во моментов е најдобар стрелец во Ла Лига.

„Аргентинецот стана опсесија на Зидан. Одличната форма и големите моменти на Меси во претходните пресметки го загрижуваат Зидан, кој бара начин како да го сопре. До сега има пробано се, но Меси секогаш наоѓаше начин како да биде ефективен. Според досегашните информации Рафаел Варан е човекот кој ќе се обиде да го сопре со одбрана еден на ден“, се вели во анализата на каталонски Спорт, кон не ја исклучува можноста Зидан да ја промени одбраната.