БЕШЕ МНОГУ ПОПУЛАРНА, А ПОТОА ЈА СНЕМА: Славица Чуктераш ја откри причината за повлекувањето

9.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
БЕШЕ МНОГУ ПОПУЛАРНА, А ПОТОА ЈА СНЕМА: Славица Чуктераш ја откри причината за повлекувањето

Пејачката Славица Чуктераш, која по долго време се врати на јавната сцена, им се претстави на своите обожаватели во различен изглед, со посебен фокус на фризурата.

„Ја скратив косата од едноставна причина што ми тежеше, не знам повеќе ... цело време ја врзував и, малку по малку, дотука дојдов“, објасни Славица, додавајќи дека нејзиниот сопруг Владимир Аврамов бил воодушевен од нејзината промена, бидејќи, како што истакнува, тој секогаш сакал таа да има кратка коса.

Славица со години не настапуваше ниту снимаше песни. Публиката дури и не можеше да ја види на естрадата и, како што вели, обврските на нејзиниот сопруг и ќерка не биле причината за тоа што ја снемало, туку сосема нешто друго.

„Јас воопшто не се повлеков, немав соодветна песна и искрено не одам по емисии без причина“, признала пејачката на Премиерата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата