Од 30 нови вработувања во болницата во Тетово – ПРИМЕНИ СЕ САМО 3 МАКЕДОНЦИ (ФОТО)

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Од 30 нови вработувања во болницата во Тетово – ПРИМЕНИ СЕ САМО 3 МАКЕДОНЦИ (ФОТО)

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари АСМЛ обвинува дека не се испочитувани правилата на конкурсите за вработување доктори на медицина, односно дека бодовната ранг листа не била одлучувачка за примање на кандидатите.

Конечната одлука ја донела комисија за селекција во рамките на клиничкиот центар во Тетово, а некои од примените кандидадти воопшто и ги нема на ранг листата.

„Властите, ЛКМ и ЗЛС молчат, ние не! Каков е овој скандал и неправда! Првата слика е ранг листата а втората примени кандидати, срамота! Бараме одговорност за ова! Споделете!“ стои во фејсбук објавата на профилот на младите специјализанти и лекари.

 

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата