Прија одбила еротска сцена – Не сакам да работам по цена да ја изгубам улогата

9.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прија одбила еротска сцена – Не сакам да работам по цена да ја изгубам улогата

Александра Пријовиќ требала да се соблече пред камери и да заврши во кревет со Бранислав Трифуновиќ. Му реков на продуцентот: “Нема тоа да го правам и по цена да ја загубам улогата“, со што смисливме нешто поразлично, вели Прија.

Александра Пријовиќ одбила да сними еротска сцена во “Уб*ците на мојот татко“.

Атрактивната фолкерка во четвртата сезона на хит серијата ја игра пеачката Мила, која по сценарио, треба да заврши во кревет со Бранислав Томашевиќ. Меѓутоа Прија одбила да се соблече пред камери и барала од продуцентот да ја исфрли таа сцена, со што тие прифатиле. Така гледачите од јануари, кога ќе почне да се емитува серијата, ќе бидат ускратени да ја видат пеачката во акција.

Сака погрешен

- Кога во сценариото прочитав дека треба да ја снимам таа сцена им рков: “Неможам. Несакам тоа да го правам по цена да ја загубам улогата“. Потоа направивме нешто поразлично, но не смеам да откривам детали пред премиерата. Ќе ви кажам дека глумам пеачка која е на почеток на кариера, и која лудо се вљубува во погрешен човек – рекла Пријовиќ.

Фолкерката признала дека на сетот се опуштила со алкохол.

- Потешко е да се биде глумица отколку пеачка, никогаш во живот не сум имала поголема трема. Сите на сетот се трудеа да ме опуштат. Премрзнав од страв кога требаше во полиција снимаме сцена во која ме испрашуваат. Еден час пробавме, навистина ми беше напорно. Потоа им побарав ракија за да се опуштам. Поточно во таа сцена требаше да бидам по малку потпивната, и навистина испив ракија за полесно тоа да го одглумам – раскажува Александра.

- Би сакала и јас да снимам филм или серија за себе, но треба да поминат некои 20 години – рекла пеачката и додава дека станала глумица по наговор на сопругот Филип Живојиновиќ.

- Филип ме вплетка во сето ова. Не сакав да ја прифатам улогата, но тој ме наговори. И на крај беше во право. Беше на сетот и се одушеви како се снајдов. Едвај чекам во јануари да тргне со емитување, па гледачите да го видат сето тоа.- ја завршува приказната Прија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата