Детали за инцидентот во Бутел: НАПАЃАЧОТ кој прободе дете има само 12 години!

9.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Детали за инцидентот во Бутел: НАПАЃАЧОТ кој прободе дете има само 12 години!

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12 години), поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“, а во врска со нападот со нож во скопската населба Бутел.

Како што информираат од МВР, таткото на 12-годишникот, ќе добие кривична пријава за „запуштање и малтретирање на дете“, бидејќи токму неговиот син замавнал со ножот.

Малолетниците на 06-ти декември околу 19:30 часот на улицата „Александар Урдаревски“ физички нападнале друга група малолетници, при што 12-годишникот со остар предмет повредил 15-годишник, кој по укажана лекарска помош во градската болница „Свети Наум Охридски”, бил пуштен на домашно лекување.

Набргу потоа, пријавените биле пронајдени и со нив, во присуство на родители и социјален работник, бил извршен разговор во кој тие го признале делото.

Кривична пријава против родителот е поднесена бидејќи неговиот син, кој има под 14 години, употребил остар предмет при вршење на кривично дело.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата