Пак проблеми со струјата - утре во мрак пола Центар, Карпош и Илинден

9.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пак проблеми со струјата - утре во мрак пола Центар, Карпош и Илинден

Без напојување со електрична енергија поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје утре неколку часа ќе бидат корисниците од општините Центар, Карпош и Илинден.

Како што соопшти РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“ АД, од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Лазар Личеноски во близина на мостот „Гоце Делчев“ во Општината Центар, во периодот од 13 до 15:30 часот корисниците од дел од ул.„Франце Прешерн“, а од 9 до 12 часот корисниците од дел од ул.„Варшавска“ во Општината Карпош.

Од 9 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.„Џумајска“ од бр. 1 до бр. 12, како и ул. „Миле Поп Јорданов“ од бр. 29 до бр. 56 во Општината Карпош, а од 9 до 15 часот корисниците од ул. „Даме Груев“ од бр. 2 до бр. 86 во населбата Илинден. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата