Двократниот првак во Формула 1, Фернандо Алонсо го најави своето враќање во најбрзиот циркус на светот, но тоа нема да биде следната сезона, туку во онаа во 2021 година.

„Мислам дека 2021 година е идеална за моето враќање. Нема да се вратам следната година затоа што правилата ќе бидат исти, а тие се и една од причините поради кои се повлеков. Затоа во 2021 година, кога ќе се сменат правилата, се враќам. Тоа е вистинската шанса за мене. На мојата последна трка во Ф1 на болидот пишуваше ’Се гледаме’, а не ’Збогум’, затоа што планот беше да се вратам“, изјави Алонсо.

Во 2020 тој ќе се посвети на релито Дакар и на легендарната трка Инди 500.