Жоао Переира (71), Бразилец од остров во близина на Рио де Жанеиро во 2011 година спасил еден пингвинот од сигурна смрт.

Тој го нашол заглавен меѓу карпите, прегладнет и покриен со нафта додека бил уште млал. Откако пингвинот го негувал во својот дом и го вратил во живот, Переира го пуштил во дивината, а тој, во знак на благодарност, секоја година плива повеќе од 8.000 километри за да го посети својот спасител.

„Го сакам Диндим како да е мое дете, а верувам дека и тој мене ме сака. На никој друг не му дозволува да го погали и почнува да крешти ако некој му се приближи премногу блиску. Јас го хранам со сардини, го бањам и го галам додека ми седи во мојот скут “, вели Переира.

 

Биолозите се изненадени од оваа неверојатна врска. Жоао Паоло Краевски тврди дека никогаш порано не видел такво нешто.

„Кога Диндим ќе го види старецот, тој се движи и ја врти опашката како куче, а сигурен сум дека тој верува дека Перез е дел од неговото семејство”, вели зачудениот биолог.

Диндим доаѓа да го посети Переира веќе петта години по ред. Се појавува во јуни, а во февруари оди до крајбрежјето на Аргентина и Чиле за да се пари.

2

Најчитани вести