Германката Викторија Ребенсбург вечерва триумфираше на првата Супер-Џи трка сезонава, која се возеше на патеката во канадскиот зимски центар Лејк Луис.

Победата е четврта за Ребенсбург во Супер-Џи, а вкупно 18-та во нејзината кариера во Светскиот куп. Таа денеска успеа да заврши на првото место пред Италијанката Никол Делаго, додека третото место и припадна на Швајцаркатам Корин Зутер, која заостана 42 стотинки зад победничката.

Микаела Шифрин не успеа да се искачи на подииумот, освојувајќи го на крајот само 10. место. Американската скијачка ѕвезда ја напушти Канада без успех за првпат по сезоната 2016/17.