Пукано во полицаец кој се обидел да спречи разбојништво во Скопје

8.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пукано во полицаец кој се обидел да спречи разбојништво во Скопје

Два лица пукале кон полициски службеник кој се обидел да ги спречи при разбојништво во Топанско поле.

„Во СВР Скопје е пријавено дека во 17 часот на улицата Методија Митевски пред продажен објект, полицискиот службеник кој во моментот не бил на работа, се обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело во објектот. Кон него бил испукан проектил од огнено оружје. Полицаецот се здобил со повреда во раката и бил префрлен во здравствена установа за укажување на лекарска помош”, информира МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата