Шојгу: Односите меѓу Русија и НАТО само се влошуваат

8.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шојгу: Односите меѓу Русија и НАТО само се влошуваат

Односите меѓу Русија и НАТО се повеќе се влошуваат, рече рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
      
„Пред пет години, имавме многу активна соработка. Се чинеше дека имаме опции и можности да продолжиме напред во имплементацијата на (договорот). За жал, сето ова не само што запре, туку од година во година деградира”, изјави Шојгу за Телевизија „Русија 1“.
        
Тој додаде дека Русија ја оставила отворена вратата за соработка.
        
Минатиот вторник, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Северноатлантската алијанса се однесувала некоректно кон Русија и дека НАТО ги отфрлил предлозите на Москва за партнерска соработка.
        
Путин, пак, повтори дека Русија, како и претходно, е подготвена да соработува со НАТО и изрази надеж дека ќе преовладаат заедничките безбедносни интереси во дијалогот на Москва и НАТО.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата