Ентони Џошуа си ги врати титулите светски шампион во ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО верзиите, по синоќешната победа над Енди Руиз, а за шест месеци е закажана неговата следна борба. Ова го потврди и претседателот на ВБО Федерацијата, Пако Валкарчел, но Британецот е подготвен и за следниот предизвик.

„180 дена? Јас немам проблем со тоа. Ајде, пријателе, ќе танцуваме“, опуштено коментираше на прес-конференцијата во Саудиска Арабија, Ентони Џошуа.

Следен предизвикувач на Џошуа е Украинецот Александар Усик (17-0, 13 КО), додека на ред чека и Бугаринот Кубрат Пулев (28-1, 14 КО), задолжителен предизвикувач од ИБФ.

Секако на оваа листа е и Руиз, кој по реваншот најави и следна борба.

„Луѓе, тој победи во една борба. Една борба! И јас освоив една борба. Потребна е уште една, трета, да реши“, изјави Руиз.