Освен оние неколку „испади“ на навивачите кои ќе ги занемариме бидејќи ги има на секое дерби и во Тетово и во Скопје, и освен меѓаниците и протестите кон судијата Ставрев, дербито мина во една добра, типично фудбалска атмосфера, многу борба, шанси и голови. Впрочем како што е и речиси секогаш на дуелите меѓу овие два тима.

Вардар одново не ја победи Шкендија, но и тоа како може да биде задоволен и со ремито, затоа што ја задржа предноста од осум бодови пред ривалот. Но, со оглед дека тетовци нема да се откажат, а Вардар нема право на нови играчи, тогаш не очекува интересна пролет.

Еве фотографии од денешното дерби, последно за оваа година.