Албанските медиуми со детали за киднапирањето на Македонецот во Тирана

8.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Албанските медиуми со детали за киднапирањето на Македонецот во Тирана

Албанските медиуми денеска пренесоа информаации за сведочењето на 23-годишнот македонски државјанин, киднапиран во Тирана од двајца разбојници, кои под закана со оружје барале 250.000 евра за негово ослободување.

„Македонецот Давор В. во полиција изјавил дека бил присилен од двајца жители на Тирана, на возраст од 41 и 42 годин да влезе во нивниот автомобил попладнето на 6 декември. Во главата му впериле пиштол барајќи 250.000 евра, а потоа насилно го втурнале во возилото“, пренесува албанската агенција „Балкан веб“.

Од албанската полиција потврдиле дека на 6. декември добиле дојава оти вооружени лица кружеле со автомобил „Бе-ем-ве“ и присилно внеле маж во возилото.

Веднаш биле ангажирани припадниците на специјалната полициска едница. На предупредвањето да го запре возилото, возачот ја зголемил брзната, но подоцна било пресретнат во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана.

Приведените ги отфрлиле обвиненијата дека не станува збор за киднапирање, туку рекле дека вршеле притисок врз 23-годишникот да им врати долг.

„Целото сценарио за киднапирањето е расветлено од страна на полицијата кога Давор В. споменал за 50-годишник од Струга кој играл улога на посредник меѓу двајцата киднапери и неговото семејство за добивање на парите“, пишува албанската агенција.

На двајцата албански државјани веќе им е одредена мерка притвор, додека стружанецот ќе се брани од слобода под обвинение „непријавување на кривично дело“.

 

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата