Шпанија и Шведска одиграа реми 28:28 во групата 2 на женското Светско првенство во ракомет. Шпанките прокоцкаа добра можност за победа затоа што имаа водство од седум разлика на полувреме, во вториот дел во еден момент имаа и +9 (21:12) но Швеѓанките се соземаа во последната четвртина од мечот и спасија бод. Во последните две минути имаа два гола негатива ги искористија грешките на противничките и набрзина ја затресоа мрежата за драгоцено реми.

Хагман и Масинг постигнаа по осум голови кај Швеѓанките, додека кај Шпанките најефикасна беше Кабрал со шест погодоци.

Норвешка ја победи Данска во скандинавското дерби со 22:19. Норвежанките кои беа четврти на претходното СП направија добра предност уште на почетокот која ја одржуваа до крајот. Данките немаат шанси за полуфиналето, додека Норвежанките заедно со Холандија и Германија ќе се борат за првите две позиции.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore