Вардар – Шкендија е десертот на последното есенско коло во македонската фудбалска лига. Вардарци се есенски шампиони, а денеска против големиот ривал Шкендија сакаат да го потврдат тоа со победа.

„Комити“ се активираа, направија фешта по улиците на главниот град и се упатија на стадионот каде ќе бидат 12-тиот играч на Вардар во дуелот со Шкендија. И секако – победата е приоритет…