Репрезентацијата на Германија со победа над Холандија ја започна втората фаза од главната рунда за Светското ракометно женско првенство што се одржува во Јапонија. Денеска во Кумамото Германките ги победија бронзените од минатото СП со 25:23 иако губеа со еден разлика во првото полувреме. Супер меч одигра Емили Белк која даде шест голови за победничкиот тим.

Германките се први на табелата во групата 1 со пет бода, Холандија остана втора со четири. Во текот на денот ќе се одигра и дербито помеѓу скандинавските селекции на Норвешка и Данска.

Србија која не пренесе ниту еден бод во оваа фаза стартуваше со триумф над Јужна Кореја (36:33). Србинките убаво играа на почетокот, подоцна паднаа во ритамот и им дозволија на противничките да се приближат, но на крајот ја стабилизираа играта и победија.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Standings provided by Sofascore LiveScore