Одговор на притисокот: Венцуела реши да продава нафта само преку сметките на руски Газпром

10.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Одговор на притисокот: Венцуела реши да продава нафта само преку сметките на руски Газпром

Откако Велика Британија реши да ги замрзне и не ги врати златните резерви на Венецуела депонирани во Лондон во вредност од околу 2 милијарди долари, а властите во Вашингтон сметките од државните нафтни компании на Венецуела ги ставија на располагање на самопрогласениот претседател Гуаидо, властите во Венецуела се свртеа кон Русија.

Венецуелската државна нафтена компанија PDVSA им порачала на партнерите во заедничките вложувања во нафтата да ги депонираат приходите од продажбата на сметка која неодамна ја отворила во банката на рускиот енергетски конгломерат „Газпром“, јавува ноќта кон неделата Reuters, повикувајќи се на извори и на интерен документ кој го виделе дописничките на агенцијата во саботата.

Според податоците на Reuters, повикувајќи се на два извора, раководството на PDVSA бара од своите странски партнери во заедничлите вложувања во областа на производство Ориноко Белта формално да одлучат дали ќе продолжат со проектите.

PDVSA се соочи со тешки финансиски санкции од САД наметнати на 28-ми јануари, чијашто цел е да го ограничат пристапот до приходите од нафтата на владата на социјалистичкиот претседател Николас Мадуро. Истовремено, министерството за финанси на САД вети дека ќе започне да издава привремени дозволи за да овозможи „одредени транскации“ на енергетските компании. Покрај тоа, Вашингтон на лидерот на опозицијата и самопрогласен привремен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, му ја предаде контролата над дел од венецуелските активи во американските банки. Според американската страна, тоа е со цел да се направи максималниот можен притисок врз Мадуро да распише предвремени претседателски избори кои се одржаа пред десет месеци.

Според изворите запознаени со разговорите, странските партнери во заедничките вложувања се норвешката компанија „Equinor ASA“(претходно „ Statoil“), американската „Chevron Corp“ и француската „Total SA“. На PDVSA притоа им било препорачано заедничките вложувања со „Equinor“ и „Total – Petrocedeno“ привремено да ги суспендираат активностите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата