Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истрага против жител на скопско Арачоново во чиј дом биле пронајдено огнено оружје и муниција.
Како што информираат од Обвинителството, во својата куќа осомничениот држел полуавтоматски пиштол „Smith&Wesson“ MOD 6906 со калибар 9мм Para, еден полуавтоматски пиштол „Walther“ P99 со две рамки, како и 41 куршум со калибар 9мм Para.
Тој се товари за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, а надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставич и предлог за притвор на осомничениот.
извор: Makfax