Работнички го совлада Кожув со 97-81 (22-17, 27-26, 23-20, 25-18) во дербито на деветото коло во Првата лига. Во „Градски парк“ се очекуваше понеизвесен натпревар, но домашниот тим не го дозволи тоа, со подобра игра во последните 15. минути дојде до шестата победа сезонава и ги симна гевгеличани од врвот на табелата.

Тимската игра беше клучот на победникот, Лесколт и Ефремовски имаа по 17 поени, Двејн Младеновски и Мијатовиќ запишаа по 16 поени. На другата страна Пејн имаше 27 поени.

Најтројфејниот кошаркарски колектив го имаше водството речиси во поголем дел од мечот. Гевгеличани на стартот имаа позитива од 4-8. Токму по оваа негатива, Работнички направија серија од 11-0 и поведе со 15-8, а пред крајот на првата четвртина и со највисоки 22-14.

Во следниот период, Кожув само еднаш поведе 22-24, по што следеше доминација на домаќинот, брзо дојде на двоицфрени 35-25, како и на 41-29 и 45-33. На одморот беше 49-43.

Гевгеличани не се откажаа со серија од 15-3 поведоа 56-58, но трите тројки на Ефремовски, Главчев и Николовски, и двата поени на Лесколт беа доволни за нов налет на Работнички од 11-0 за двоцифрени 72-61.

Момците на Димитар Мираковски го држеа ритамот, на другата страна кошаркарите на Кожув тешко погодуваа, тоа ги чинеше трети пораз оваа сезона.