Лавров идната недела на средба со Помпео

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лавров идната недела на средба со Помпео

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров идната недела ќе го посети Вашингтон за да се сретне со државниот секретар Мајк Помпео, соопштија американски официјални претставници.
Помпео ќе биде домаќин на Лавров во вторник.

Како што наведуваат медиумите, Помпео и Лавров ќе разговараат за контролата на оружјето, ситуацијата во Украина и Сирија и други прашања околу тензичните односи меѓу САД и Русија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата