Трамп тврди дека не користи личен мобилен поради безбедносни ризици

7.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп тврди дека не користи личен мобилен поради безбедносни ризици

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негира медиумите дека користи личен мобилен телефон за разговори и покрај предупредувања од безбедносите служби. Тој тврди дека станува збор за лажни вести објавени од страна на медиумите.

„Немам личен мобилен телефон веќе со години. Користам само одобрени и дадени од владата телефони“, објави Трамп на Твитер.

Си-ен-ен, пак, објави дека Трамп продолжил да го користи својот личен мобилен телефон за да остварува повици и покрај повторените предупредувања од неговиот персонал дека практиката би можела да го остави ранлив на странски надзор.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата