Јанушев: Гоце Делчев е симболот на македонскиот народ и нација, НИКОГАШ НЕМА ДА ПРИФАТАМ ДЕКА Е БУГАРИН

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јанушев: Гоце Делчев е симболот на македонскиот народ и нација, НИКОГАШ НЕМА ДА ПРИФАТАМ ДЕКА Е БУГАРИН

Никогаш нема да прифатам дека најсветлиот лик во македонската историја, симболот на македонштината, симболот на овој народ и нација, Гоце Делчев е Бугарин, изјави Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во Само интервју на Канал 5.

Јанушев истакна дека прашањето дали Гоце Делчев е Македонец или Бугарин почна да се проблематизира од Заев и затоа Заев е злото кое мора да се прати во историјата.

Вие како прилепчанец, Македонец треба да прифатите дека Гоце Делчечв  Бугарин? Дека Страшо Пинџур и Мирче Ацев биле терористи и кој ги убил? Ако фактите се утврдуваат на страната посилниот и на тој што може утре да ти прави проблеми, и ако другата страна прифаќа, тоа не е утврдување на факти, тоа е класична уцена, потенцираше Јанушев.

Тој посочи дека мора да се работи на принципи, а не вака како сега и потсети на изјавата на Пендаровски кој го направи Гоце Делчев Бугарин. Додаде дека не може да се лаже, истакнатите борци како Страшо Пинџур и Мирче Ацев не биле убиени од марсовци, исто и тие во Ваташа, мора да се изнесат фактите, не смее да се менува.

Гледам денес Меркел во посета била на Аушвиц, се како што треба, и тоа е како да излезе утре и да каже дека Германија еден период од своето постоење немало фашизам, нацизам, не биле тие. Тоа не е утврдување на факти, тоа е брутално лажење, нагласи Јанушев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата