Камчев: Ако Јанева ја присилувала Стефанова да го прави тоа што го правеше, ЗОШТО НЕ ЈА ПРИЈАВИЛА? (ВИДЕО)

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Камчев: Ако Јанева ја присилувала Стефанова да го прави тоа што го правеше, ЗОШТО НЕ ЈА ПРИЈАВИЛА? (ВИДЕО)

Не се претставив како жртва, јас бев жртва. Со целокупниот процес и изнуда што беше правен од страна на оваа злосторничка група, предводена од Бојан Јовановски и Катица Јанева, јас бев жртва, изјави Орце Камчев по денешното рочиште за случајот „Рекет“, на коешто тој се појави како сведок.

Тој вели дека немало директно присуство на ниту еден политичар конкретно за „Империја“, но истото не може да го тврди и за истрагата за случајот со „Рекет 2“.

Камчев во судницата рече дека спогодба му било нудено од Бојан Јовановски, но не и од Катица Јанева.

Не можам да ја обвинам Катица Јанева дека ми нудела спогодба кога не ми нудела, ми нудеше Бојан Јовановски а јас ја слушав Катица Јанева како што реков таа со него разговарала на телефон за работа што е невозможно да се изведе. Јас сум свесен, паметен човек, сфатив дека е игра помеѓу двајцата, но во обвинителство таа не ми нудеше лично, рече сведокот Орце Камчев.

Камчев во сведочењето истакна дека обвинителката Лиле Стефанова преку нејзиниот пријател, бизнисменот Ванчо Чифлиганец барала средства за ќерката на Лиле за ординација во зградата „Адора“, со што на тој начин бил корумпиран.

Сам сум слушал како таа (Катица Јанева, н.з.) давала наредби на Лиле Стефанова кои биле противзаконски. Зошто Лиле Стефанова не ја пријавила Катица Јанева кај Љубомир Јовески и зошто не го почитувала Законот за обвинителство? Ајде објаснете ми, доколку тие наредби на Катица Јанева биле противзаконски и ја присилувала Лиле Стефанова да го прави тоа што го правеше, зошто таа не ја пријавила до надлежниот обвинител дека имала притисок од Катица Јанева, рече Камчев и најави тужба против Лиле Стефанова.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата