Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Одбиено барањето за апанажа на Катица Јанева

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“.

„Од формално правен аспект не постојат причини за прифаќање на барањето бидејќи таа не е избрана од Собранието“, беше констатирано на попладневното продолжение на седницата во Собранието.

Јанева од притвор во Шутка испрати барање да ѝ се одреди апанажа. Претседателот на Комисијата Илија Димовски минатиот месец образложи дека првиот допис до комисијата бил испратен од адвокатката Ирена Фрчкоска, во име на Катица Јанева,а по неколку дена добиле барање и лично од Јанева.

Ексспецијалната обвинителка е во притвор од 21 август, кога беше уапсена како осомничена во случајот „Рекет“. Од Собранието беше разрешена на 14 септември, еден ден пред да ѝ истече мандатот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата