Ограбени две цркви во Чучер Сандево

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ограбени две цркви во Чучер Сандево

Во текот на вчерашниот ден пријавена е кражба во црвката „Св.Меркуриј“ во селото Мирковци и манастирот „Св.Никита“ во селото Горњани, кои се дел од општината Чучер Сандево.

Првата кражба во Мирковци е извршена во периодот помеѓу 3 и 5 декември, од страна на неколку лица.

Од полицијата информираат дека одземени се предмети и огревни дрва.

Кражбата во манастирот во селото Горњани се случила во периодот помеѓу 4 и 5 декември, од страна на едно лице кое одзело пари.

МВР вели дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата