Камчев: Немаше НИКАКВА АКЦИЈА во мојата фирма, туку РЕГУЛАРНА КОНТРОЛА ВО КОЈА СЕ УТВРДИ ДЕКА СЕ Е ЧИСТО

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Камчев: Немаше НИКАКВА АКЦИЈА во мојата фирма, туку РЕГУЛАРНА КОНТРОЛА ВО КОЈА СЕ УТВРДИ ДЕКА СЕ Е ЧИСТО

Бизнисменот Орце Камчев после сведочењето за случајот „Рекет“ за медииумите изјави дека немало никаква полициска акција, туку контрола каде инспектори на МВР најкултурно побарале документи и по проверката било утврдено дека се е во ред и се е чисто.

„Прво немаше никаква акција. Секојдневно во компаниите доаѓаат луѓе од Управа за Јавни Приходи, на контроли дојдоа од МВР најкултурно, најрегуларно во едната од нашите фирми да ги побараат документите за продажбата на артиклите што се продадени од компанијата Монт, маици поточно, на компанијата Полиестер“ посочи Камчев.

Тој додаде дека со Полиестер соработува повеќе од 10 години а во зделката платен е данок, данок на добивка и ДДВ

„Ние имаме испратници, фактури, луѓето од МВР констатираа сфатија дека се е чисто и дека сме добиле наплата отприлика 40%, ние сме дале тужба на Полиестер меѓутоа Полиестер е наша традиционална фирма ние законски чекаме да ни ги прати средства, имаме законски рок, кога ќе ни ги прати средствата тогаш ќе ј а затвориме трансакцијата, немаме никаков контакт со ВМРО-ДПМНЕ ни со СДСМ, ниту со една коалиција, тоа е вистината“ истакна Камчев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата