И со неговите 31 година е еден од најдобрите напаѓачи во Светот. Едноставно неколку сезони по ред му нема рамен во Бундеслигата. Беше баран од Реал Мадрид, меѓутоа тој сега не размислува за заминување, односно најави дека ќе ја заврши кариерата во таборот на „Баварците“.

„Сега е доцна за Реал. Сакам да одиграм уште некоја сезона. Среќен сум во Баерн, играм во еден од најдобрите клубови во Светот. Тука имам се што ми е потребно“, рече Полјакот.