Федерер ја “руши“ швајцарската економија

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Федерер ја “руши“ швајцарската економија

Монета со ликот на Роџер Федерер стана хит во Швајцарија и челните луѓе на тамошната економија неможеле да замислат колку внимание ќе предизвика.

Федерер ја добил таа чест да краси една од новите монети кои треба да бидат издадени. Швајцарската влада соопштила дека до јануари треба да бидат издадени 95.000 монети, а првиот контингент предизвикал пад на швајцарскиот Сојузен парламент, на кој се купуваат преку веб-шоп.

Првиот контингент од 33.000 парчиња е распродаден, додека побарувачката е толку многу голема што ниеден сајт неможел да ја издржи таа количина.

Имавме преку 2,5 милиони кликови, тоа беше премногу за нашата онлајн продавница, изјавил извршен дирекот од Сојузниот парламент - Маријус Холдиман.

Ликот на Федерер ќе биде на монета од 20 франка, што е прв пат во историјата на Швајцарија на монетата да биде живо лице.

Дополнителен проблем настанал кога Роџер ја споделил објавата на социјалните мрежи. “Чим ја објави веста, моментално имавме проблем со зголемен притисок на сајтот. Некои фанови можеа да влезат во сајтот, но неможеа да ја завршат нарачката. Други неможеле ни да ја отворат страницата.

На “главата“ на монетата се наоѓа Федерер со прочуениот еднорачен бекхендот.

Идниот план на Владата е освен неведената монета од 20 франци, ликот на Федерер да биде и на онаа од 50 франци, но во поразличен дизајн и тоа до мај 2020 година

Видео

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата