НЕ СЕ ДИШЕ! Жителите на Ѓорче Петров ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕ СЕ ДИШЕ! Жителите на Ѓорче Петров ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО

Жителите на Ѓорче Петров излегуваат на протест поради екстремно загадениот воздух во општината. Тие посочуваат дека  и покрај неколкуте јавни повици досега до надлежните институции добиваат само молк.

Иако повеќепати се известуваше за проблемите со загадувањето, сепак ништо не се презема. Жителите реагираат дека депонијата е канцер на целата општина која не престанува да ппродуцира загаденост која ја труе целата општина.

 

ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ ! ПРОТЕСТ !

УТРЕ, САБОТА, 07-МИ ДЕКЕМВРИ, 12 ЧАСОТ.

НА ВЛЕЗОТ НА ДЕПОНИЈАТА ОД СТРАНА НА НОВО СЕЛО ул. 5 (100 метри после ''Тројка'' - види фото)

Ги повикуваме сите здруженија, граѓански организации и граѓани да ни се приклучат на ПРОТЕСТОТ !

Самиот ПРОТЕСТ ќе се одржи на влезот на депонијата која е најголем загадувач на Ѓорче Петров !

НЕ СЕ ДИШЕ ! Да се расчисти комплетно оваа депонија која е КАНЦЕР на Ѓорче Петров ! Да се забрани пристап до неа и одложување отпад !

Да покажеме утре дека не може екологијата и животната средина да се третира како второстепено прашање !

Правила на протестот:

1. Според Законот за јавни собири за време на протестот не смее да се консумираат опијати.

2. ЗАБРАНЕТО е користење на говор на омраза, националистички и партиски реторики и симболи

Дојди заедно да кажеме НЕ на загадувањеро на воздухот и негрижата на институциите за животната средина ! Да кажеме НЕ на 3500 смртни случаи годишно директно поврзани со аерозагадувањето !

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата