Дара Бубамара пијана како талпа: Еве како изгледала пеачката додека тропала за школото

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дара Бубамара пијана како талпа: Еве како изгледала пеачката додека тропала за школото

На ниво: Бубамара, пред да го изнесе своето стручно мислење за образовните институции, испила виски на екс, и поради алкохолот трчала во тоалет.

Дара Бубамара се посрамотила за сите пари.

Пред да се избламира со своите банални изјави во медиуми за “сељачките“ школи. пеачката пиела и очигледно се напила.

Штом пристигнала на снимање на новогодишна програма, веднаш отишла во студио и го снимила својот дел, а потоа се сместила на маса со колегите. Нарачала виски кое веднаш го испила на екс, нарачала и втора чаша, доволно да се вцрви во лицето и да почне да зборува се и сешто. Дала две-три изјави за телевизија, а потоа веднаш закукала дека и се оди во тоалет.

- Морам да мо*ам, неможам да издржам. Пиев, а јас инаку не пијам – се пожалила фолкерката на новинарите.

По половина час се вратила и почнала да треси зелени. На прашање на новинарот за нејзиниот син Коста и неговото школување, Дара се направила важна

- Мојот син никогаш немал непријатности, не оди во овие сељачки училишта, туку во приватно школо, каде што децата се поуспешни од родителите, политичарите и спортистите. Не се глупаво завидливи селски деца, туку се памени и знаат која е Бубамара. Тоа се деца кој велат: “Твојата мајка е врв“, изјавила Бубамара за по два дена да демантира , но кога снимката и е пуштена каде јасно се слуша што зборува, се правдала дека била пијана.

- За сељачка школа – бев испровоцирана од страна на новинар на снимање на новогодишна програма, бев уморна и малку пијана. Прославував и за ново купениот автомобил, при што испив неколку чаши виски.

Дали испила и била пијана од неколку чаши виски, е прашање на веродостојноста на нејзините искази ако се земе во предвид дека својот нов љубимец вечерта не го возела сама, туку замолила пријател да ја прфрли до дома.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата