Со Пријовиќ “банкрот“! Бендот кај Аца Лукас заработувал 70.000 евра по член, а кај Александра ни половина! Еве што им порачал Лукас

6.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со Пријовиќ “банкрот“! Бендот кај Аца Лукас заработувал 70.000 евра по член, а кај Александра ни половина! Еве што им порачал Лукас

Фолк хаус бенд, кој се прославил за врме од две децении соработка со Аца Лукас, зажалил што ја прекинал соработката со фолк ѕвездата и поминал кај Александра Пријовиќ.

Бендот наводно не е задоволен од заработувачката за една година од соработката со Пријовиќ, со што повторно преговарале со Лукас за евентуално враќање.

“Шефот на бендот на хартија ставил колку заработиле за една година со Александра и дошле до цифра од 24.000 евра по член на годишно ниво, што практично било трипати помалку отколку во соработка со Лукас. Со него заработувале годишно и до 70.000 евра, во зависност од ангажманот“, рекол добро известен извор.

Го контактирале менаџерот на Лукас за да видат дали има простор да договорат повторна соработка. Сеуште се во преговори, но постои можност за повторна соработка бидејќи Аца, покрај тоа што со нив добро се разбирал, туку и емотивно е врзан за бендот кој буквално тој го создал“.

Членовите на бендот не се жалат на исплатата, тврдат дека Александра е чесна и дека им исплаќа до динар, но проблем е што немаат тезги како со Лукас. Таа работи два дена во неделата, додека со Лукас ангажиран е од три до пет пати. Со почестите ангажмани, неговата цена е поголема, а со тоа и на самиот бендот.

Како би биле точни овие наводи, контактиран е Лукас, кој веднаш ставил до знаење тој е главен и дека само тој одлучува со кого ќе работи.

“Не сум запознат со случајот! И не знам каква врска имам јас Пријовиќ и со тој бенд. Јас сам одлучувам со кого ќе работам, а наводите дека повторно ќе работиме нема да ги коментирам“, рекол Лукас.

Од друга страна, Пријовиќ не се јавувала на повиците, нити одговарала на пораките

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата