Qualcomm очекува сите главни телефони на најголемите производители следната година да имаат чипови што ќе поддржуваат 5G, истакна еден од извршните директори во интервјуто.

„Во 2020 година, сите премиум уреди што ги продаваме со нашиот нов чип ќе поддржуваат 5G“, рече Кит Кресен, потпретседател за развој на производи. Qualcomm објави нова топ линија чипови за 2020. година со Snapdragon 865 процесори, кои им ги продава на најголемите светски компании за нивните најдобри Android телефони како Samsung Galaxy линијата или Google Pixel уредитѕе.

Qualcomm, исто така, најави и поевтин, но побавен чип наречен Snapdragon 765, кој е наменет за уреди од средната класа, кои исто така ќе доаѓаат со 5G поддршка. Компанијата соопшти дека производителите на телефони веќе го имаат новиот чип, дека производството на двата уреда ќе почне во исто време, а дека објавата се очекува во јануари. Компанијата предвидува дека производството на нивните чипови ќе се дуплира во следните две години.

 

извор: USB.mk

Најчитани вести