Науката тврди ВАКОВ ВИ ТРЕБА ЗА ЉУБОВНИК, а за брак...

5.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Науката тврди ВАКОВ ВИ ТРЕБА ЗА ЉУБОВНИК, а за брак...

Во истражувањето на универзитетот Квинсленд учествувале 100 жени кои одговарале на бројни прашања за нивниот дотогашен сексуален живот. Целта на истражувањето била да се открие кои мажи во очите на жените ги поседуваат најдобрите квалитети за љубовници.

Научниците исто така сакале да знаат со кој тип на љубовник испитаничките најчесто доживувале оргазам – а со кои не.

Резултати од истражувањето

Од добиените одговори може да се забележи дека духовитите, креативните и верните мажи имаат најдобри квалитети за љубовници. На таквите “фраери” им е интересно и важно да го дознаат најдобриот начин како да ја доведат жената до оргазам, а освен тоа, тие се поотворени за разговор за сексот и сексуалните претпочитања па затоа повеќе се трудат и околу предиграта.

Истражувањето покажува и дека жените обожуваат мажи кои добро мирисаат.

А за брак?

Интересно, овие особини му припаѓаат и на идеалниот маж – најновото истражување спроведено помеѓу белгиските научници покажало кои особини мора да ги поседува еден маж за да се смета за добар кандидат за брак. Во истражувањето учествувале 87 хетеросексуални студентки според кои најпривлечни мажи им се оние на кои семејството им е поважно од работата и кариерата.

Според нивното мислење, семејниот тип на мажи е подобар за брак бидејќи тој секогаш ќе му биде поддршка за семејството, подобар сопруг и подобар татко на децата. Освен тоа, нивниот идеален партнер мора да биде дружељубив, а пожелно е да им помага на постарите лица и да ѝ покажува на својата сопруга дека се грижи за неа и дека е внимателен.

Дека изгледот не е пресуден во изборот на партнер, покажува и неодамна објавената студија во магазинот “Psychological Science”. Имено, според студијата, мажите со просечен физички изглед и голема самодоверба се попожелни кај женскиот пол отколку оние мажи со високо ниво на физичка привлечност. Резултатите од истражувањето покажале и дека мажите кои не се премногу оптоварени со својот изглед одгледуваат посамоуверени деца.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата