Вечерва се одиграа четири натпревари од Евролигата. Најголемото изненадување се случи во Милано, каде што Црвена Звезда запиша триумф од 10 разлика (67:77). Српскиот тим имаше негатива од еден поен, но мечот го реши во третата четвртина која ја доби со осум разлика. До крајот на мечот Милано не успеваше да се врати, а Звезда мудро ја одржуваше предноста, па дури и ја зголеми на крајот.

ЦСКА Москва се намачи со Жалгирис, и го совлада литванскиот тим дури по продолженијата, и тоа со кош во последната секунда. Во регуларниот дел беше нерешено, а во продолжението на 4. секунди пред крај Жалгирис успеа да израмни. Меѓутоа Џејмс со тројка пред сирената донесе победа за европскиот првак.

Триумф запиша и Макаби Тел Авив кој со 77:55 го совлада Баерн благодарение на одличната игра во втората и четвртата четвртина.

Во шпанската пресметка, Реал Мадрид со 111:99 ја совлада Валенсија.

Standings provided by Sofascore LiveScore