УТРЕ КАМЧЕВИ СВЕДОЧАТ ЗА РЕКЕТ: Власта се уплаши од Орце, полиција во неговите фирми

5.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УТРЕ КАМЧЕВИ СВЕДОЧАТ ЗА РЕКЕТ: Власта се уплаши од Орце, полиција во неговите фирми

Само еден ден пред сведочењето на бизнисменот Орце Камчев во случајот „Рекет“, утринава полицијата влезе во неколку негови фирми. Причината за упадот е наводен долг  од над 400.000 евра на сметката од ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори во април годинава.

Очигледно дека тајмингот за упад во фирмите е намерно одбран пред неговото сведочење пред судот за случајот „Рекет“ каде тој пред судот треба да потврди дека  бил рекетиран од страна на Јовановски и Милевски.

На првото рочиште обвинителката Рускоска напомена дека поседуваат несоборливи докази дека Боки 13 преку Кичеец стапил во контакт со сопругата на Камчев, Ана, а дека Јанева на обвинетите им изнесувала детали од постапката која СЈО ја водела за бизнисменот.

Рускоска посочи и посочи дека тука не станува збор дали некој е виновен туку дека се барале пари да не бидат виновни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата