Претседателот на УЕФА Александар Чеферин не е задоволен од ефектите од видео-технологијата (ВАР) и вели дека е неопходно да се направат промени.

Ако имате голем нос, може да ви поништат гол“, изјави Чеферин во интервју за британски „Мирор“.

Според него не треба да се прекинуваат напади и да се поништуваат голови поради минимален офсајд од 10 до 20 сантиметри.

Видете што се случува во Англија. Таму некои работи не се проверуваат, а некои се мерат во милиметри. Од друга страна, во Италија се прегледуваат снимките по пола час… Toa не ми се допаѓа. Помошните судии престанаа да креваат знаменца, само чекаат, чекаат и чекаат. Фудбалерите престанаа да се радуваат на головите туку штом ќе ја затресат мрежата чекаат да видат што ќе каже ВАР“, порача претседателот на УЕФА.

Пред неколку недели имавме средба со најдобрите светски тренери: Клоп, Гвардиола, Алегри, Зидан, Анчелоти… Нашиот судија Росети им пушти видео. Во него имаше ситуација од ВАР и прашањето беше дали фудбалерот играл со рака или не. Половина кажаа ДА, половина НЕ. Значи правилото не е чисто дефинирано“, додаде Чеферин.