Откако Агенцијата за млади и спорт се обиде да го демантира нашиот автомобилски ас Игор Стефановски – Иџе, тој одново со соопштение се појави во јавноста.

Во него покрај другото стои…

„Би сакал да нагласам дека неточен е податокот дека во 2018 година  од буџетот на АМС ми биле доделени 8.5 милиони денари, исто така неточно е дека за 2019 година ми бил доделен ваучер во вредност од 500.000 денари. Разочарувачки и тендециозно делува напишаниот факт дека од 2018 година ми се исплаќал паричен надоместок за стекната категорија – Стипендија од светска категорија во висина од две просечни плати, небаре станува збор за награда која АМС ми ја доделува тукутака, а не е тоа легално стекната стипендија врз основа на постигнати резултати на меѓународен спортски план“.

Иџе напомена дека во текот на следните неколку денови на прес ќе ги изнесе сите вистини и аргументи, и дека добро ќе биде на ТВ дуел да ги соочат аргументите со директорот на АМС Дарко Каевски.

Ова е се поради катастрофалната и аматерска распределба на вредносните ваучери за спортистите, спортските федерации и клубовите од која јавноста просто е згрозена. Посебно беше масакриран  фудбалот во Македонија. Дали тие што решаваат знаат добро што прават. Зошто нема ваучер за ФФМ? Зошто некои осредни клубови од други спортови  имаат поголеми ваучери од еден ФК Вардар, ФК Шкендија или ФК Работнички и останатите наши фудбалски клубови (ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ НА ОВОЈ ЛИНК). Па тие 3 милиони денари или 50.000 евра само за витамини се малку.

Ама така е кога аматери решават за битни работи во спортот во оваа земја.

А случајот со Иџе е врв на врвовите.

СРАМОТА…