Откако денеска Реал Мадрид објави дека останува без услугите на Еден Азар и Марсело, трет пат „кралевите“ објавија дека поради повреда, ќе паузира уште еден фудбалер.

Станува збор за Герет Бејл кој ќе биде во „аут“ неколку дена, но не е толку сериозно. Верува дека ќе паузира само престојниот викенд.

Со тоа Велшанецот ќе биде подготвен за настап на „Ел Класико“.