Погледни го рајот: МАДЕИРА, вреди да се сонува и да се плати

5.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Погледни го рајот: МАДЕИРА, вреди да се сонува и да се плати

Архипелагот Мадеира се наоѓа на 529 километри (323,11 милји) од африканскиот брег и 1.000 километри (621,37 милји) од Европа. Самиот архипелаг претставува група од вулканско-океански острови, кои датираат од миоценот (пред околу 70 милиони години), и е составен од жариште во Земјината кора на африканската тектонска плоча.

Мадеира и помалиот Пустински Остров, се најмладите острови од ова низа (датираат од пред 4,6 до 0,7 милиони години), додека Порто Санто, најмалиот остров е воедно и најстар остров (датира од пред приближно 14 милиони години).

Поради нивното потопување, постојат пет фази поврзани со ова вулканска група острови, кои се видливи на островот Мадеира. Островот Мадеира е едно од најпопуларните светски одморалишта, чиишто знаменитости се виното „мадеира“, цвеќињата и рачната изработка, везилското занаетчиство, како и новогодишните прослави проследени со претстави со спектакуларни огномети.

Главното пристаниште што се наоѓа во Фуншал е едно од најважните места на кое допираат сите трговски и трансатлантски патнички крстарења меѓу Европа, Карибите и Северна Америка. Мадеира повеќе пати е прогласуван за најубав остров во Европа поради неверојатната природа, природните базени од магматски карпи, преубавите карпи, кои гледаат кон океанот и шармантните гратчиња.

Мадеира е најголемиот остров од истоимениот архипелаг, во кој се наоѓаат и Порто Санто и Десертас.Просечната температура изнесува 22 степени летно време и 18 во зима, што значи дека тука е речиси вечна пролет. На островот има природни базени од магматски карпи, а бањите на Порто Мониз се, всушност, серија од природни базени, кои како да се стопуваат со океанот.

Мадеира е преполна со преубави плажи, каква што е Калета. Водата е чиста и мирна, совршена за пливање, нуркање и за истражување на морските длабочини, а популарни се и едрењето и параглајдингот. Тука можат да се сретнат многу левади, системи на иригациски канали од камења, кои го пресекуваат островот.

Покрај левадите вообичаено се наоѓаат патеки за истражување на внатрешноста на островот. Најпозната левада е Левада до Калдеирао Верде, која поминува под водопад. Најдобра начин за истражување на островот е крстарењето со брод. Секако, и погледот што се протега од највисоките делови на островот е спектакуларен. Островот го добил името по густите шуми со кои бил целиот покриен.

Денеска од густите лаврови шуми преостанале само мал дел во јужниот дел на островот. Меѓутоа, на северот на островот, долините се богати со родни дрвја со мал раст. Инаку, лавровите шуми, кои се најраспространети во северните делови на Островот Мадеира, се сметаат за светско наследство и се заштитени од УНЕСКО.

Архитектурата на најголемиот град на Мадеира, Фуншала, изгледа преубаво гледано од морето. Во Фуншала има преубави стари цркви и шарени пазари. Градот, исто така, е домаќин на најголемиот огномет, кој се организира за дочекот на секоја Нова година, а стигна дури и во Гинисовата книга на рекорди.

Познат по уникатноста, карневалот во Мадеира е една од најголемите забави во Европа. Се одржува секој петок пред велигденскиот пост. Островот Мадеира е едно од најпопуларните светски одморалишта, чиишто знаменитости се виното „мадеира“, цвеќињата и рачната изработка, везилското занаетчиство, како и новогодишните прослави проследени со претстави со спектакуларни огномети.

Главното пристаниште што се наоѓа во Фуншал е едно од најважните места на кое допираат сите трговски и трансатлантски патнички крстарења меѓу Европа, Карибите и Северна Америка. 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата