Кога ќе му паднеш во раце на мајстор - бездомник сега изгледа како холивудска ѕвезда

5.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кога ќе му паднеш во раце на мајстор - бездомник сега изгледа како холивудска ѕвезда

Бербер целосно трансформираше бездомник, а резултатот е навистина импресивен. Рики Хернандез од Јужен Остин, Тексас го повикал бездомникот Џеф за бесплатна фризура и бричење, а видеото, објавено кон крајот на минатиот месец, стана вирално и има повеќе од 4 милиони прегледи за неколку дена. Некои коментираа дека Џеф изгледа најмалку 10 години помлад по трансформацијата.

Џеф повремено му помагал на Рики околу берберницата, а Рики решил да му се оддолжи за тоа.

„Тој сега изгледа како холивудска ѕвезда во 2019 година“, „Овој бербер го заслужува сето добро“, „Добра работа, видете колку му значеше“, се само некои од реакциите на ентузијастичните корисници на социјалните мрежи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата