Во Скопје и во Паланка - ТЕПАНИ ПОЛИЦАЈЦИ!

5.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Скопје и во Паланка - ТЕПАНИ ПОЛИЦАЈЦИ!

Вчера околу 11.50 на ул.„Дрезденска“ во Скопје од слобода биле лишени Д.С.(61) и Д.Ц.(60), двајцата од Скопје, поради тоа што физички нападнале полициски службеник додека вршел службени дејствија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Околу 19.45 часот, пак, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка го лишиле од слобода Л.Т.(57) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства. Л.Т. бил приведен во Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата