Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен филм за 2019 година на филмот „Медена земја“.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на Гала вечер на седми јануари во Њујорк.
Документарецот во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов денеска доби и признание за најдобар филм за 2019 година според „Њујорк тајмс“. На листата на реномираниот весник, се најдоа и „Ирецот“ на Мартин Скорсезе, „Беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино и „Паразит“ на Бонг Јон-хо.
извор: Makfax