Нант покажа две лица во четвртфиналната пресметка во рамките на Купот на Франција против Дункерк кого го совлада со 20-22 и се најде на чекор до финалето.

Тимот за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров одигра крајно лошо прво полувремето во кое постигна само девет гола, наспроти 14-те на противникот.

По одморот Нант заигра многу подобро, со серија од 5-0 дојде до водство од 18-19 во 50. минута. Во последните десет минути Лазаров постигна важен гол, а неговиот тим успеа да го сочува водството до самиот крај и да обезбеди место во полуфиналето.

Лазаров средбата ја заврши со три гола од пет обиди, два од нив ги постигна во првото полувреме.