Кирил Лазаров е најдобриот ракометар на Нант за месец ноември. Најдобриот македонски ракометар освои 38,9% од гласовите на навивачите на францускиот клуб, а во конкуренција беа Никола Турне, Рок Овничек и Ајмерик Мине.

Лазаров во ноември реализираше 10 голови во ЕХФ купот и 15 во најсилната француска лига вклучувајќи го и решавачкиот погодок во победата против Шамбери.

Искусниот ракометар ја доби наградата вечерва, пред првенствениот меч со Данкерк во францускиот Куп.