Николоски ОТКРИ ДЕТАЛИ ОД НОВАТА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ: Кратење на даноци и капитални инвестиции СЕ ОСНОВАТА

4.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски ОТКРИ ДЕТАЛИ ОД НОВАТА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ: Кратење на даноци и капитални инвестиции СЕ ОСНОВАТА

Во моментов подготвуваме издржана програма, реална, не ваква како на Заев со големи ветувања, а потоа без реализација. Малку ќе е поразлична од тоа што досега е видено од ВМРО-ДПМНЕ, нема да одиме многу во детали кои што никој не ги чита и во одговори на проекти и прашања кои не засегаат никого, туку ќе одиме фокусирано и насочено кон тоа што го интересира најголем дел од народот во Македонија, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју за КУРИР.

-Имаме кампања наречена „Обнова на Македонија“ каде што одиме низ државата. Ги собираме информациите од граѓаните, самите даваат предлози за проекти кои треба да се дел од таа програма. Тоа е прва интерактивна програма која се прави во Република Македонија. Планираме кратење на даноци затоа што тоа е најдобар задвижувач на економијата, планираме силни капитални инвестиции пред се во делот на инфраструктурата, комплетно нов концепт во здравството, реформи во образованието, помош за ранливите категории и многу иновации пред се во делот на дигитализацијата на образованието, правосудството, откри Николоски.

Повеќе од разговорот со Николоски, погледнете во продолжение.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата