ТРАМП ГО НАРЕЧЕ ТРУДО „ДВОЛИЧЕН“, го откажа пресот и го напушти Самитот на НАТО (ВИДЕО)

4.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАМП ГО НАРЕЧЕ ТРУДО „ДВОЛИЧЕН“, го откажа пресот и го напушти Самитот на НАТО (ВИДЕО)

Доналд Трамп реагираше бесно на видеото на кое светските лидери очигледно го исмеваат: тој го нарече Џастин Трудо „дволичен“, потоа ја откажа планираната прес-конференција и ја скрати својата посета на самитот на НАТО.

Американскиот претседател беше запрашан дали го видел клипот во кој се чини дека неговите меѓународни колеги го исмеваат за неговата агресивна прес-конференција со Емануел Макрон.

„И гледаш како вилиците на неговиот тим паѓаат на под“, вели Трудо во видеото, наводно зборувајќи за Трамп.

„Е па, тој е дволичен“, рече Трамп за канадскиот премиер кога беше запрашан попладнево и посочи дека причина за невнимателните коментари била фрустрација од барањата на САД Канада повеќе да придонесува во НАТО.

Говорејќи заедно со Ангела Меркел, тој додаде: „Искрено, Трудо е фин човек, сметам дека е многу фин човек. Но знаете, вистината е дека јас го повикав поради фактот дека не плаќа 2 проценти и претпоставувам дека тој не е многу среќен поради тоа“.

Трамп продолжи: „Тој не плаќа 2 отсто, а треба да плаќа 2 отсто. Тоа е Канада, тие имаат пари и треба да плаќаат 2 проценти, затоа јас го прозвав и сигурен сум дека тој не беше среќен поради тоа, но тоа е тоа.“

„Видете, јас ги претставувам САД и тој треба да плати повеќе отколку што плаќа, и тој го знае тоа“.

 

 

Републиканецот рече дека по закажаната средба со данските лидери попладнево ќе се врати директно во Вашингтон. Шегувајќи се со еден новинар, тој рече: „Дали ќе разговараме за Гренланд? Што мислите вие? Добар виц“.

Но рече дека нема да ја одржи прес-конференцијата што беше закажана за попладнево, велејќи дека досега одржал доволно пресови.

НАТО имаше два „многу успешни“ дена, а лидерите ветија дека ќе придонесат повеќе пари за алијансата, инсистираше тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата