Џонсон и Трудо демантираа дека му се потсмевале на Трамп

4.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џонсон и Трудо демантираа дека му се потсмевале на Трамп

Британскиот премиер Борис Џонсон го игнорираше новинарското прашање за видеото во кое тој заедно со канадскиот премиер и францускиот претседател, го исмева однесувањето на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во нивно друштво, во Бакингамската палата беа и холандскиот премиер, Марк Рутеи британската принцеза Ана, а се слуша како Трудо, по повод долгата конференција на Трамп, вели: „Штотуку гледавте како им паѓаат вилиците на неговиот тим“.

„Навистина не знам за што се работи. Тоа целосна глупост и не знам од каде дојде тоа“ рекол Џонсон запрашан за коментар за таквите наводи, пренесе АП.

Новинарите го прашале и Трудо, да ја искоментира видео снимката, на што рекол дека има добри односи со Трамп. Тој објасни дека тие не се шегувале на прес-конференцијата која вчера ја одржа Трамп, туку на локацијата каде што ќе се одржи следниот самит на Г7, а тоа е Кемп Дејвид, службеното одморалиште на американскиот претседател.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата